• четврток, 26 декември 2024

Џонсон призна за собирот во неговата резиденција за време на локдаунот

Џонсон призна за собирот во неговата резиденција за време на локдаунот
Лондон, 12 јануари 2022 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон призна дека присуствувал на собир во градината во неговата резиденција на Даунинг стрит во мај 2020 година, кога беше на сила заклучувањето. „Сакам да се извинам. Имаше работи што не ги направивме како што треба и морам да преземам одговорност“, рече Џонсон обраќајќи се во британскиот Парламент.
Тој рече дека бил на собирот во градината на 20 мај 2020 година за да се заблагодари на персоналот и дека 20 минути подоцна се вратил во својата канцеларија, јави Би-Би-Си. Како што посочи, подоцна размислувал за тоа дека требало да ги испрати сите собрани внатре и да најде друг начин да им се заблагодари. Лабуристите и некои пратеници од ториевците во британскиот Парламент претходно побараа итен одговор на прашањето дали Џонсон присуствувал на настан наречен „Донеси го својот пијалок“ во градината на Даунинг стрит за време на локдаунот во 2020 година. Во тек е истрага што ја води високиот државен службеник Сју Греј, за овој настан и други собири што се одржаа во владините простории во текот на 2020 година. паг/

Остани поврзан