• недела, 24 ноември 2024

Џонсон: Не сакам Британија повторно да се затвори поради Ковид-19

Џонсон: Не сакам Британија повторно да се затвори поради Ковид-19
Лондон, 19 јули 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не сака Велика Британија повторно да се затвори поради вирусот Ковид-19. Тој во интервју за „Сандеј телеграф“ рече дека не сака да наметне второ национално затворање и изолација во случај на втор бран на вирусот. Џонсон го спореди националното затворање и изолацијата со „нуклеарно одвраќање“ и додаде дека не верува оти Велика Британија повторно ќе биде во таа позиција. Од друга страна, главниот научен советник на Велика Британија рече дека постои ризик дека такви мерки можеби ќе бидат потребни во зима. Џонсон тврди дека властите се подобри во идентификувањето и изолирањето на локалните жаришта, додавајќи дека можноста за одлука или акција на национално ниво ќе остане опција. - Не можам да се откажам од таа можност повеќе отколку што би се откажал од нуклеарно одвраќање, но тоа е како нуклеарно одвраќање, јас сигурно не сакам да го искористам. И не верувам дека повторно ќе бидеме во таа ситуација, истакна Џонсон. паг/

Остани поврзан