• сабота, 23 ноември 2024

Џонсон мора да покаже дека е корисен за партијата или набргу ќе ја изгуби битката за политичко преживување

Џонсон мора да покаже дека е корисен за партијата или набргу ќе ја изгуби битката за политичко преживување
9 јуни 2022 Гардијан Кога Тереза Меј се соочи со гласање недоверба, нејзините поддржувачи ги зедоа телефоните во раце и неуморно се обидуваа да ги придобијат оние кои се двоумеа, пишува за „Гардијан“, новинарката Кејти Болс. Тие се позиционираа по ходниците на Парламентот, со цел да агитираат да се поддржи премиерката. Тие се погрижија ниту еден ториевец да не може да си купи храна, без да ги слушне аргументите во полза на Меј. Но, во понеделникот имаше некоја чудна смиреност во парламентот. Еден лојален министер патролираше во зградата, но, освен него, имаше малку активност од страна на поддржувачите. Пораката, што сакаше да ја испрати тимот на Џонсон, е, дека тоа е обичен парламентарен ден и оти нема причина за паника, забележа Болс. Кога беше објавен резултатот од гласањето за недоверба на Џонсон, се покажа дека е полошо од очекуваното за премиерот. Против Џонсон гласаа 148 пратеници од неговата Конзервативна партија, што е полош резултат од оној на Тереза Меј. Дури и некои од неговите министри да изјавија дека Џонсон постигна победа, никој не верува во тоа. Британскиот премиер отсега ќе се бори за опстанок. Дури и во наредните 12 месеци технички да нема закана за Џонсон, постојат гласини, дека правилата може да бидат променети, за тој да може предвреме да биде отстранет од власт, пишува авторката. Дури и Џонсон да успее да остане на лидерската позиција во Конзервативната партија до следните избори, управувањето ќе биде многу потешко поради фактот, што многумина пратеници од сопствената партија отворено му се спротивставуваат. Некои од поддржувачите на Џонсон сметаат дека откако ќе го преживее гласањето недоверба, тој би можел да распише избори следната година, доколку за 12 месеци треба да има ново гласање за недоверба. Но, Конзервативната партија има начин да се ослободи од оние од кои повеќе нема корист - и доколку Џонсон не преземе контрола, тој ќе биде еден од нив. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан