• недела, 24 ноември 2024

„Џонсон Мети” прогласен за најпосакуван Работодавач за 2023 година – странски инвестиции

„Џонсон Мети” прогласен за најпосакуван Работодавач за 2023 година – странски инвестиции

18 април 2024 

Џонсон Мети повторно е прогласен за „Работодавач на годината“ на организиран настан од страна на првиот сајт за пребарување на работни места Вработување.ком

Статуетката Најпосакуван Работодавач за 2023 година – странски инвестиции во Македонија, свечено, беше доделена вчера на манифестација во хотел „Лимак“ од Вработување.ком. За Џонсон Мети, ова е уште една потврда дека компанијата ја движи македонската економија и е претставник на Северна Македонија во светот.

„Јас и сите наши колеги од Џонсон Мети навистина сме почестени што ја добиваме оваа награда втора година по ред. Тоа не е само чест, туку одговорност – заложба да ги одржуваме највисоките стандарди на извонреденост во сè што правиме и да го задржиме приматот на најпосакуван работодавач“, рече Зоран Николов, Менаџер за производство во Џонсон Мети, Северна Македонија.

Според него, Џонсон Мети ќе продолжи да негува квалитетни релации со вработените и со заедницата, останувајќи фокусирани на мисијата да спасуваат животи така што што воздухот го прави почист.

Ана Апостолова, Менаџер за Човечки Ресурси во Џонсон Мети, вели “горди сме што со голема посветеност и ставајќи ги вработените на прво место успеавме и годинава да бидеме најпосакуваното место за работа во автомобилската индустрија и повторно да бидеме препознаени со ова престижно признание”.

Наградите за Најпосакуван работодавач се доделуваат врз база на три критериуми: број на посети на огласите и објавите на сајтот Вработување.ком, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно анкетно истражување спроведено на сајтот Vrabotuvanje.com.mk.

Џонсон Мети 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан