• четврток, 26 декември 2024

Џонсон и Џонсон престануваат да продаваат опиоиди во САД

Џонсон и Џонсон престануваат да продаваат опиоиди во САД
Вашингтон, 26 јуни 2021 (МИА) - Американскиот фармацевтски гигант Џонсон и Џонсон „ќе излезат од опиоидниот бизнис на национално ниво“ како дел од договорот вреден 230 милиони долари со Њујорк, изјави денеска американската државна обвинителка Летиција Џејмс. Договорот и дозволува на компанијата да ги решава судските спорови околу „нејзината улога во помагањето на поттикнувањето на епидемијата на опиоиди“, рече обвинителката во изјавата, велејќи дека компанијата ќе ги распореди плаќањата во текот на следните девет години. ссм/

Остани поврзан