• четврток, 26 декември 2024

Џонсон и Џонсон неделава двојно ќе ја намали испораката на вакцини против Ковид-19 за ЕУ

Џонсон и Џонсон неделава двојно ќе ја намали испораката на вакцини против Ковид-19 за ЕУ
Вашингтон, 17 мај 2021 (МИА) - Американската компанија Џонсон и Џонсон неделава двојно ќе ја намали испораката на вакцини против Ковид-19 за Европската Унија. Според договорот, Џонсон и Џонсон во вториот квартал од годината треба да испорача 55 милиони дози на вакцина. Но, досега има доставено помалку од пет милиони дози вакцини, што е за 10 проценти помалку од планираното. Европска комисија соопшти дека станува збор за привремено одложување што ќе се надополни во подоцнежна фаза, најверојатно до крајот на мај. ми/

Остани поврзан