• вторник, 24 декември 2024

Џонсон и Путин разговараа за Украина

Џонсон и Путин разговараа за Украина
Лондон, 2 февруари 2022 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон му порачал на рускиот претседател Владимир Путин дека секој упад во Украина би бил трагична погрешна проценка, соопштија од кабинетот на Џонсон по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата лидери. - За време на разговорот со рускиот претседател, премиерот Џонсон изрази длабока загриженост поради моменталната непријателска активност на Русија на украинската граница, соопшти портпаролот на британската Влада. Џонсон укажал на потребата да се најде начин што ќе го почитува и територијалниот интегритет на Украина и правото на самоодбрана. Британскиот премиер, исто така, нагласи дека секој натамошен упад на Русија на украинска територија би било трагична погрешна проценка. - Лидерите се согласија дека влошувањето на ситуацијата не е во ничиј интерес. Премиерот ја истакна важноста на дијалогот и дипломатијата, како и потребата да се вклучи Украина во преговорите. Џонсон и Путин ја поздравија неодамнешната билатерална комуникација за прашања како што се климатските промени, Иран и Авганистан и се согласија да го применат овој дух на дијалог околу актуелните проблеми со цел да се најде мирно решение, се вели во соопштението од кабинетот на британскиот премиер. гт/

Остани поврзан