• сабота, 23 ноември 2024

Џонсон и ветува на Украина дополнителчна воена помош

Џонсон и ветува на Украина дополнителчна воена помош
Лондон, 9 април 2022 (МИА) -   Велика Британија ќе испрати 120 оклопни возила и нови противбродски ракетни системи за поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија, соопшти Даунинг стрит. Премиерот Борис Џонсон рече дека ја направил својата ненајавена посета на украинскиот главен град како „покажување на непоколебливата поддршка на Британија за народот на Украина“. Како и оклопните возила, како значително засилување на британската воена поддршка, Џонсон рече дека Британија ќе испрати и нови противбродски ракетни системи. зш/

Остани поврзан