• среда, 27 ноември 2024

Џонсон именуваше нови членови на Домот на лордовите

Џонсон именуваше нови членови на Домот на лордовите
Лондон, 1 август 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон вчера именуваше 36 нови членови на Домот на лордовите, вклучително неговиот брат, неколкумина истакнати прврзаници на Брегзит, како и сопственик на медиуми, роден во Русија, чиј татко беше агент на КГБ. На листата на нови членови е и поранешната крикет ѕвезда Јан Ботам, приврзаник на Брегзит. Поранешните министри за финансии Јен Кларк и Филип Хамонд, кои беа против Брегзит, исто така се именувани за членови на Домот на лордовите. Како и Евгениј Лебдев, сопственик на весниците Индепендент и Ивнинг стандард. Татко на Евгениј е рускиот олигарх Алекдандар Лебедев, кој работеше за КГБ. На листата е е и лидерката на шкотските конзервативци Рут Дејвисон, заедно со братот на Џонсон, Џо, кој беше против Брегзит и минатата година ја напушти Владата поради несогласвање со нејзината полиитка, Поголемиот број именувани кандидати се во сојуз со владејачката Конзервативна партија на Џонсон, а има и поранешни пратеници од опозициската Лабиуристичка партија, кои го поддржаа Брегзит. ми/

Остани поврзан