• недела, 24 ноември 2024

Џонсон: Време е за промени на подобро по Брегзит

Џонсон: Време е за промени на подобро по Брегзит
Лондон, 3 октомври 2021 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џonонсон рече дека е одлучен да донесе „промени на подобро“ по Брегзит, и покрај кризата со снабдување што владее во Велика Британија откако земјата ја напушти Европската унија. - Не го издржавме коронавирусот за да се вратиме на она што беше порано, рече Џонсон пред почетокот на годишната конференција на Конзервативната партија, која почнува денеска во Манчестер. Нагласувајќи дека неговата влада го одржала своето предизборно ветување и го спроведе Брегзит, а обезбеди и масовна вакцинација против Ковид -19, тој рече дека сака да донесе „храбри одлуки“ во она што е важно за луѓето како вработување, безбедност и климатски промени. - Сето ова покажува дека ние го одржуваме својот збор, а сега е време да одиме чекор подалеку, не за да се вратиме на она што бевме, туку и да направиме промени на подобро за време на периодот на опоравување, истакна Џонсон. Конференцијата, која треба да трае до среда, е прва по две години што се одржува во живо и претставува можност за Џонсон да им се обрати на своите поддржувачи. Неговиот говор е закажан за среда. паг/    

Остани поврзан