• понеделник, 26 август 2024

Џонсон: Варварските постапки на Путин се тест за целото човештво

Џонсон: Варварските постапки на Путин се тест за целото човештво
Лондон, 13 март 2022 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон во денешниот телефонски разговор со шефот на украинската држава Володимир Зеленски, ја пофали храброста на украинскиот претседател и народ, изјави портпаролот на Даунинг стрит.. - Варварските постапки на Путин не се тест само за Украина, туку за целото човештво, изјави Џонсон. Џонсон и Зеленски ги осудиле убиствата на Брен Рено и безброј невини Украинци и киднапирањето на градоначалниците на Днепрорудни и на Мелитопол. Британскиот премиер истакна дека Обединетото Кралство ќе продолжи да бара повеќе опции за зајакнување на самоодбраната на Украина, заедно со партнерите. - Обединетото Кралство ќе продолжи да стои зад Украина во сите напори да се стави крај на овој катастрофален конфликт, истакна Џонсон. ми/

Остани поврзан