• четврток, 26 декември 2024

Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти

Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти

Лос Анџелес, 8 јули 2022 (МИА) - Џони Деп ја доби првата улога по последниот судски процес против неговата поранешна сопруга Амбер Хард, којшто го доби и со кој, според многумина, актерот почна да си ја враќа кариерата во нормала.

Проектот со работен наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција. Се работи за филм на Нетфликс, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во остварувањето ќе глумат и француската актерка  Мајвен ле Беско (во насловната улога на Жана ди Бари - последната „официјална љубовница“ на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски. Мајвен и ќе го режира филмот. Нетфликс го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Нетфликс не е вклучен во ништо друго.  си/ми/

Остани поврзан