• петок, 27 декември 2024

Џоди Фостер се плашела од Ентони Хопкинс како Ханибал

Џоди Фостер се плашела од Ентони Хопкинс како Ханибал
Лос Анџелес, 7 септември 2021 (МИА) - Џоди Фостер говореше за тоа како навистина се плашела од Ентони Хопкинс како убиецот-канибал - д-р Ханибал Лектор. Филмот „Кога јагињата ќе стивнат“ е објавен 1991 година, а водечките улоги ги глумат Фостер и Хопкинс. И двајцата пред 30 години добија „Оскари“ за главните улоги, покрај статуетките за најдобар филм, режисер (Џонатан Дем) и адаптирано сценарио (Тед Тали). Филмот се заснова на истоимениот роман на Томас Харис. Џоди ја глуми новајлијката на ФБИ, Кларис Старлинг - спроти сер Ентони Хопкинс како затворениот убиец Ханибал Лектор, кој ѝ помага да фати друг сериски убиец, по име Бафало Бил (Тед Левин). Глумицата за списанието „ОК“ признава дека искрено се плашела од Ентони поради неговата глума како Лектор, па дури откако завршило снимањето, собрала храброст да разговара со него. - Тој е исклучителен актер и прекрасна личност. Првпат го сретнав кога го читавме сценариото околу маса. Почна да чита и одеднаш се почуствував многу исплашена!, вели Фостер. „Кога јагнињата ќе стивнат“ на Џоди ѝ го донесе вториот „Оскар“ од четирите номинации за најдобра женска улога, по одличјето за улогата на преживеана по силување во драмата „Обвинетите“ од 1988 година. си/паг/

Остани поврзан