• четврток, 26 декември 2024

Џоана по повод Денот на украинската независност: НАТО стои со Украина во борбата за опстанок и слобода 

Џоана по повод Денот на украинската независност: НАТО стои со Украина во борбата за опстанок и слобода 

Брисел, 24 август 2023 (МИА) - Рускиот претседателот Владимир Путин мислеше дека ќе ја одземе независноста на Украина, но не може да го стори тоа затоа што украинското раководство, вооружените сили и целиот украински народ секојдневно демонстрираат извонредна решителност, издржливост и храброст, со која го инспирираат целиот свет, порача заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана во честитката по повод Денот на независноста на Украина.

- Денеска го славите Денот на независноста и вие продолжувате жестоко да се борите за таа независност. Сите сојузници на НАТО стојат со вас во оваа борба за опстанок и слобода на вашата земја, наведе Џоана во пораката до Украинците.

Како што јави специјаниот известувач на МИА од Брисел, тој наведе дека НАТО е непоколеблив во поддршката за Украина и дека земјата може да сметате дека Алијансата ќе бидеме покрај неа онолку долго колку што е потребно.

- Горд сум на поддршката што ја даваат сојузниците на НАТО на Украина. Милијарди долари модерна воена опрема, гориво, медицински материјали и многу повеќе од тоа, вклучително и финансиска и хуманитарна помош. На нашиот самит на НАТО во јули, Украина направи голем чекор поблиску до НАТО. Кога сојузниците ќе се договорат и ќе се исполнат условите, Украина ќе се приклучи на Алијансата. Ова е местото каде што припаѓате, нагласи Џоана.

Според него, денеска е денот со кој се гордеат сите Украинци, кога ја прославуваат независноста од Советскиот Сојуз.

- Со нетрпение го очекувам времето кога ќе ја славиме и вашата победа над руската агресија и вашата слобода. На вашиот Ден на независноста, ви посакувам на сите сила и успех во иднина. Слава Украини!, додаде Џоана во честитката. сп/са/

Фото: Скриншот

Остани поврзан