• недела, 24 ноември 2024

Џиџи и Бела Хадид го враќаат трендот „лица речиси без веѓи“

Џиџи и Бела Хадид го враќаат трендот „лица речиси без веѓи“
Милано, 28 февруари 2022 (МИА) - Прилично критикуваниот тренд од 90-тите - лице со тенки, бледи или речиси невидливи веѓи, се врати на Модната недела во Милано, каде што сестрите Бела и Џиџи Хадид зачекорија во ревијата на Донатела Версаче. За овој настан Џиџи носеше црвен фустан со корсет, соодветни чизми, ракавици од латекс, како и црвена чанта - од линијата за есента 2022 година. Бела имаше слична црвена комбинација како и нејзината сестра, но со долги ракави. Емили Ратајковски му се придружи на дуото - во црн корсет со зелени реси. Иако ова беше само мала ситница од ревијата, острото око на гледачите забележа дека манекенките се со речиси безлични веѓи, покрај очилата со мали рамки и јакните во светли бои, придонесувајќи за естетиката на 1990-тите. Овој тренд претходно го најавија Мадона, Ким Кардашијан, Кејти Пери, како и самата Донатела Версаче.  си/ссм/

Остани поврзан