• петок, 20 март 2026

Џијанг Сјаојан: Стабилни и успешни се билатералните односи меѓу Кина и Македонија

Џијанг Сјаојан: Стабилни и успешни се билатералните односи меѓу Кина и Македонија

Прилеп, 19 март 2026 година (МИА) - Билатералните односи меѓу Кина и Македонија се развиваат многу стабилно и успешно. Двете страни заемно се почитуваат и ги негуваат фундаменталните интереси на другата страна - изјави амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, при денешната посета во прилепската болница одговарајќи на новинарското прашање како глобалната состојба со војната се рефлектира врз пријателството меѓу двете земји.

Амбасадорката Сјаојан вели дека Кина инвестира во соработка и комуникација во разни сфери и области и во иднина навистина сака повеќе комуникации и соработка. Инаку, Кина е трет по големина трговски партнер на Македонија.

- Во иднина навистина сакаме повеќе комуникации и соработка. Сакаме колку може повеќе македонски пријатели да ја посетат Кина и очекувам повеќе реални резултати во соработката меѓу нас. Недамна во Кина имаше две сесии, на кои се усвои 15-тиот петгодишен план. Кинеската страна објави дека Кина ќе биде со уште пошироко отворена врата за целиот свет и очекуваме повеќе соработка и комуникации. И во трговијата меѓу двете страни има исто успешни резултати. Во моментот Кина е трет по големина трговски партнер на Македонија и прв извозник во Европската Унија - изјави Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија при денешниот престој во Прилеп.ем/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан