• среда, 27 ноември 2024

Џио Струмица го заврши настапот во Челенџ купот на ЦЕВ

Џио Струмица го заврши настапот во Челенџ купот на ЦЕВ
Струмица, 3 ноември 2020 (МИА) - Одбојкарите на македонскиот шампион, Џио Струмица го завршија натпреварувањето во шеснаестинафиналето на Челенџ купот на ЦЕВ во Никозија, Кипар, со екипата на Омонија, откако во првиот натпревар беа поразени со 3:0 во сетови, а вториот натпревар кој требаше да се игра денес е откажан. Kако што соопштија од клубот заради промената на термините на сите летови од Кипар кон Грција и другите земји и нивно поместување за утринските часови, предизвикано од воведување карантин во градови во тие земји, вториот натпревар е откажан. Тоа било сторено во заемен договор помеѓу македонскиот претставник, Омонија и ЦЕВ со цел за безбедно враќање на нашите одбојкари. Во соопштението струмичани искажуваат благодарност за несебичната поддршка за патувањето на Кипар до македонската амбасада во Атина, грчката амбасада во Скопје, Агенцијата за млади и спорт, ОФМ и Општина Струмица. рт/зс/

Остани поврзан