• четврток, 26 декември 2024

Џејми Ли Кертис: Ботоксот ќе ја тргне „големата брчка“, но ќе изгледате како пластична фигура

Џејми Ли Кертис: Ботоксот ќе ја тргне „големата брчка“, но ќе изгледате како пластична фигура

Лос Анџелес, 11 октомври 2022 (МИА) - Џејми Ли Кертис никогаш не се воздржува кога станува збор за ставовите околу стареењето, козметичките операции и можните трајни штетни последици од нив. Ѕвездата на „Ноќ на вештерките“ за „Тудеј“ (Today) говори и за ботоксот, како и мудроста што ја стекнала, особено откако (пред три години) наполни 60 години.

- Направив пластична операција. Ставив ботокс во главата. Дали ботоксот ја намалува големата брчка? Да. Но, тогаш изгледате како пластична фигура, изјави Кертис. Советите што таа им ги дава на своите ќерки Ени (35) и Руби (26) е - „Не си играјте со лицето“. Глумицата и во минатото искрено зборуваше за тоа како пластичната хирургија можеби придонела за зависност од „Викодин“ (што сега веќе 23 години не го користи). - Го направив тоа. Не функционираше. И сè што гледам е дека луѓето сега во својот живот се опседнуваат со тоа, вели Кертис. Таа, исто така, постојано го истакнуваше своето несогласување за американскиот поим „против-стареење“. - Долго време сум застапник на природната убавина, најмногу затоа што ги имав обидите и грешките во „другиот дел“. Инаку, го бранам и тоа - да не се „зае**ваме“ со своето лице... И, тој збор „против-стареење“... Што е тоа!? За што зборуваш!? Сите ќе остариме. Сите ќе умреме. Зошто сакаш да изгледаш 17 кога имаш 70 години? Јас сакам да изгледам 70-година кога ќе имам 70!, изјави таа во една прилика. Кертис, се чини, го применува тоа гледиште и во својата кариера.  си/сд/

Остани поврзан