• сабота, 28 декември 2024

Џејк Џиленхол бил „затрескан“ во Џенифер Анистон

Џејк Џиленхол бил „затрескан“ во Џенифер Анистон
Лос Анџелес, 6 октомври 2021 (МИА) - За глумецот Џејк Џиленхол, снимањето на филмот „Добра девојка“ (The Good Girl) со Џенифер Анистон не било така лесно, оти тој бил „затрескан во неа“. Актерот уште еднаш се потсети на љубовната комедија од 2002 година и неговите чувства кон колешката, во интервјуто за Шоуто на Хауард Стерн синоќа. - О, да, тоа беше мачење. Да, беше!, рече Џејк, смеејќи се. Чудно е зашто, љубовните сцени се незгодни - 30, 50 луѓе гледаат во вас... Но, исто така, тоа е танц, вие одлучувате што ќе има на камерата. Може да учествуваш, но тоа е како сцените со борба, мора „да ги наместиш“ („кореографираш“) тие сцени, објаснува тој. Џејк, кој тогаш имал околу 20 години, призна дека при снимањето на љубовните сцени „е употребена и перница“ меѓу нив и дека Анистон, која е 12 години повозрасна од него, имала целосно разбирање за тоа.  си/

Остани поврзан