• четврток, 26 декември 2024

Џесика Честејн и Еди Редмејн во нов трилер на Нетфликс

Џесика Честејн и Еди Редмејн во нов трилер на Нетфликс
Лос Анџелес, 24 февруари 2020 (МИА) - Џесика Честејн и оскаровецот Еди Редмејн ќе ги глумат главните улоги во новиот филм на Нетфликс. Проектот со наслов „Добрата медицинска сестра“ (The Good Nurse), ќе чини 25 милиони долари. Сценариото е на Кристи Вилсон-Каринс и Тобајас Линдхолм, а е засновано на книгата на Чарлс Гребер со истиот наслов. Снимањето допрва треба да почне, а датумот на прикажување сè уште не се соопштува. си/

Остани поврзан