• среда, 27 ноември 2024

Џесика Алба не смеела да ги погледне в очи глумците од „Беверли Хилс“

Џесика Алба не смеела да ги погледне в очи глумците од „Беверли Хилс“
Лос Анџелес, 5 октомври 2020 (МИА) - Џесика Алба во интервју за „Хот уанс“ проговоре за тоа дека пред 22 години имаше споредна, епизодна улога во серијата „Беверли Хилс“ и како не ѝ бил дозволен поголем контакт и дружење со ѕвездите на снимањето на серијата. - На сцената, не смеев ниту да ги погледнам во очи. Ниеден од членовите на екипата! ...Што беше навистина чудно, ако се обидувате да снимите сцена со нив. Ми рекоа - „Не смееш да ги погледнеш во очи, или ќе те исфрлат од снимањето“, се потсети Алба. Ѕвездата на филмовите „Фантастична четворка“, „Окото“, „Град на гревот“ се појави во две епизоди од „Беверли хилс“ во 1998 година, кога имаше 17 години. Ја глумеше тинејџерката Лин која штотуку станала мајка. Последните улоги на Алба беа оние во ТВ-серијата „Најдобрите од Лос Анџелес“ (L.A.'s Finest) и филмот „Анонимни убијци“ (Killers anonymous) од лани. си/сд/

Остани поврзан