• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џером казнет со 25.000 долари поради критикување на судиите

Џером казнет со 25.000 долари поради критикување на судиите

Кливленд, 4 март 2025 (МИА) – Кошаркарот на Кливленд кавалирс Тај Џером казнет поради критиките на судиите по натпреварот со Портланд. 

Џером негативно ја оцени работата на судиите, кои 70 пати ставаа играчи на линијата за слободни фрлања.

- Ми се чини дека судиите денеска завршија многу лоша работа. Особено Натали - таа многу лошо судеше. Тоа се случува - судиите ја губат контролата врз натпреварот. Првото полувреме е едноставно апсурдно. Третата четвртина беше кошмар, рече Џером.

Џером ќе треба да плати 25.000 долари.

Натпреварот Кливленд – Портланд се одигра на 2 март и заврши со победа на Кавалирс 133:129. Двете екипи изведоа по 35 слободни фрлања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан