Џеред Лето повторно во улогата на негативецот Џокер
- Лето го глумеше овој лик и во „Одредот на отпишаните“ од 2016. но не и во годинешниот втор дел. Наместо тоа, тој глуми во новото, исто така овогодишно продолжение, на филмот „Лига на правдата
![Џеред Лето повторно во улогата на негативецот Џокер](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105201822_big_730x400_9.webp )
Лос Анџелес, 10 февруари 2021 (МИА) - Режисерот Зек Снајдер на Инстаграм објави слики од новиот Џокер. Со тоа, и пошироката јавност дозна дека Џеред Лето повторно ќе го глуми овој веќе легендарен негативец.
Лето го глумеше овој лик и во „Одредот на отпишаните“ од 2016. но не и во годинешниот втор дел. Наместо тоа, тој глуми во новото, исто така овогодишно продолжение, на филмот „Лига на правдата“ што е во постпродукција и прикажувањето е закажано за 18 март.
Според објавените фотографии, Џокер повторно ќе има долга мрсна коса, препознатливото избелено лице и шминка околу устата и очите, но и гумени ракавици и бела тоалета, што е новост.
- Трикот на таа сцена со Џокер е дека тој разговара директно со Бетмен за Бетмен, изјави Снајдер за „Венити фер“. Џокер го анализира Бетмен околу тоа - кој е и што е, а „Џокерот“ Џеред Лето и „Бетменот“ Бен Афлек никогаш не се сретнале, што е неправда и јас решив дека ќе ја коригирам, вели режисерот. си/сд/