• среда, 25 декември 2024

Џерард: Сер Алекс во 2013 година почувствува дека доаѓа кризен период за Јунајтед

Џерард: Сер Алекс во 2013 година почувствува дека доаѓа кризен период за Јунајтед
Манчестер, 13 јануари 2020 (МИА) - Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард сподели интересно мислење. Според него, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон паметно го одбрал моментот да го напушти англискиот гигант. Жерард смета дека шкотската легенда почувствувала дека доаѓа кризен период на „Олд Трафорд“. Сер Алекс го напушти Манчестер Јунајтед во 2013 година, откако освои нова клупска титула. Оттогаш, „црвените ѓаволи“ не само што не ја освоија Премиер лигата, туку не учествуваа ниту во борбата за титулата во англиската елита. Сите се согласуваат дека големиот англиски клуб е во криза. - Мислам дека Ферги знаел дека на клубот ќе му треба нов циклус за да ја врати силата. И сега гледаме дека овој процес може да потрае подолго отколку што мислеа луѓето, рече легендата на Мерсисајд, цитирана од„ Дејли Стар“.

Остани поврзан