• недела, 17 ноември 2024

Џерард може да го предводи Евертон

Џерард може да го предводи Евертон
Лондон, 2 јуни 2021 (МИА) – Тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард може да се пресели во Премиер лигата. Според „Атлетик“, Евертон започнал преговори со 40-годишниот поранешен играч за врска на Ливерпул. Во сезоната 2020/21, Ренџерс стана шампион на Шкотска, а Џерард беше избран за најдобар тренер во лигата. Досегашен тренер на Евертон беше Карло Анчелоти. Под негово водство, тимот го освои 10. место во Премиер лигата. За потсетување, Ливерпул и Евертон се градски лути ривали, па доколку се остварат најавите Џерард да ги преземе „карамелите“ ќе биде интересно да се види реакцијата на навивачите на „црвените“. зс/

Остани поврзан