• недела, 07 декември 2025

Џерард изјави дека нема простор за чувства за натпреварот против Ливерпул

Џерард изјави дека нема простор за чувства за натпреварот против Ливерпул
Бирмингем, 10 мај 2022 (МИА) - Менаџерот на Астон Вила и поранешен играч на Ливерпул, Стивен Џерард вечерва во рамките на Премиер лигата се соочува со клубот за кој има повеќе од 700 настапи - Ливерпул. Во интервју за „Sky Sports" тој изјави дека нема простор за емоции. - Мојата работа е да ги освојам трите бода, вели тој. Џерард го презеде тимот на Астон Вила минатиот ноември. Вила моментално се наоѓа на 11 позиција на табелата, додека, Ливерпул е на второто место. ар/сп/  

Остани поврзан