• сабота, 23 ноември 2024

Џенифер Лопез го потврди статусот на модна икона

Џенифер Лопез го потврди статусот на модна икона

Лос Анџелес, 28 октомври 2024 (МИА) - Џенифер Лопез со својот моден избор, се вели, секогаш знае да привлече внимание, па најново во низата е изданието што го избра за вечера со своите деца.

Глумицата-пејачка, имено, по присуството на „АФИ фест“ со близнаците - ќерка ѝ Ема и синот Макс, и нејзиниот гласовен тренер Стиви Мекки отиде в ресторан. За таа прилика Лопез облече капут „Ердем“ со јака и извезени мотиви на горниот дел, кој чини 7.095 долари. Под палтото - нежен фустан во бебешка розова боја со сребрени детали и нагласено деколте. Сѐ тоа е надополнето со сандали со потпетици „Парис Тексас Лидија“ што чинат 417 долари, како и пуштена коса и понагласена шминка.

На фестивалот претходно латиноамериканската глумица го претстави својот нов филм „Незапирлив“ (Unstoppable), кој од првите 100 гледачи и оценувачи на ИМДБ доби оценка 8 / 10. За таа свечена прилика, Лопез облече крем-бела јакна, бела кошула, кафен ремен и розово мини-здолниште.

По разводот со Бен Афлек, за списанието „Интервју“, таа призна дека „се чувствува осамено и тажно“, но нема врска со тоа - дали таа е во врска или не.

- Кога ќе седнете и ќе размислите за тие чувства и ќе речете: „Овие работи нема да ме убијат“, тоа е како да кажете: „Всушност сум способен за радост сам за себе“. Не ми требаат други луѓе за да бидам среќна со себе, изјави таа.

Сепак, таа, вели, е романтичарка која сака да биде во врска и сака да остари со некого. Инаку, новиот нејзин филм „Незапирлив“ ќе се прикажува од декември.  си/паг/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан