• четврток, 26 декември 2024

Џенифер Лопез го исфрлила шеќерот од исхраната

Џенифер Лопез го исфрлила шеќерот од исхраната
Лос Анџелес, 11 мај 2020 (МИА) - Многумина ќе се сложат дека Џенифер Лопез има одлично тело и е во одлична форма, која не е така лесно да се одржи. Тоа освен на редовните физички вежби, се должи и на нејзината исхрана.

Личниот готвач на Џеј-Ло и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, Калвин Фернандез за американските медиуми открива дека нејзиниот режим е толку строг, што и нема место за никакви грешки. Имено, според него, денот на пејачката-глумица започнува со пржени јајца и три вида зеленчук...

- Таа ретко јаде јаглени хидрати, а шеќер - воопшто не јаде!, истакнува тој.

За „УС магазин“, готвачот ја пофали упорноста, трудот и посветеноста на Лопез, додавајќи дека е доста задоволен што работи за неа, Алекс и нивните деца.  си/сд/

Остани поврзан