• среда, 25 декември 2024

Џенифер Лопез во моден стил инспириран од Брижит Бардо

Џенифер Лопез во моден стил инспириран од Брижит Бардо

Лос Анџелес, 11 ноември 2024 (МИА) - Американската глумица-пејачка Џенифер Лопез во саботата присуствуваше на премиерата на филмот „Злобна“ (Wicked) во Лос Анџелес, каде што воодушеви со својата облека.

Таа повторно се покажа во вистинско модно светло, облечена во тоалета на модниот дизајнер Зухаир Мурад. Фустанот со светкав преклоп го дополни со дијамантни сандали со отворени пети, нараквици со бисери и едноставна чанта, но и полабава пунџа и два прамени близу лицето.

Со високи шлицови, како и гол струк и грб, таа го истакна своето извежбано атлетско тело во средината на шестото десетлетие од својот живот.

Нејзиниот фризер Ендрју Фицсимонс претходно на „Инстаграм“ напиша дека нејзиниот изглед е инспириран од француската глумица и пејачка Брижит Бардо.  си/

Фото: „Инстаграм“

Остани поврзан