Џенет Јелен: САД бараат начини да ги намалат руските приходи од нафта
- САД продолжуваат да бараат начини како да ги намалат руските приходи од нафта, а намалената глобална побарувачка на нафта создава можност за дополнителни санкции, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.
Вашингтон, 11 декември 2024 (МИА) – САД продолжуваат да бараат начини како да ги намалат руските приходи од нафта, а намалената глобална побарувачка на нафта создава можност за дополнителни санкции, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.
САД постојано ги заоструваат санкциите против Русија поради војната во Украина, но Русија направи големи напори да ги намали транспортните трошоци и да го избегне ограничувањето на цената на нафтата на Западот, изјави таа за Блумберг.
Јелен рече дека општата цел на Вашингтон е да ја намали способноста на Русија да продолжи да води војна со преземање различни чекори, но од самиот почеток таа била фокусирана на приходите на Русија од нафта. јт/
Фото: МИА архива