• четврток, 26 декември 2024

„Џенерал моторс“ ќе отпушти до илјада работници

„Џенерал моторс“ ќе отпушти до илјада работници

Флинт, 20 август 2024 (МИА) - Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ најави дека ќе го намали бројот на вработени во секторот за софтвер и услуги.

Причината за отпуштањето на повеќе од илјада вработени е да се зголемат инвестициите во нови технологии, а притоа да се одржи профитабилноста, пренесува СЕЕбиз.

Автомобилскиот гигант со седиште во Мичиген планира 600 од 1.000 отпуштања во технолошкиот кампус на компанијата во близина на Детроит.

„Џенерал Моторс“ ги потврди отпуштањата, но не го откри точниот број на луѓе кои ќе останат без работа. Како што објасни портпаролот на компанијата, за да се изгради иднината, компаниите мора да донесат храбри одлуки и да дадат приоритет на инвестициите кои ќе имаат најголемо влијание.

„Како резултат на тоа, ја намалуваме големината на одредени тимови во организацијата за софтвер и услуги“, рече портпаролот на „Џенерал Моторс“.

На крајот на минатата година, според официјалните податоци, автомобилскиот гигант имал околу 76.000 вработени и 87.000 работници со скратено работно време. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан