• вторник, 24 декември 2024

Џек Смит именуван за специјален обвинител во истрагата против Доналд Трамп

Џек Смит именуван за специјален обвинител во истрагата против Доналд Трамп
Вашинтон, 18 ноември 2022 (МИА) -  Американското Министерство за правда денеска го назначи Џек Смит за специјален обвинител во истрагата против поранешниот претседател Доналд Трамп, објави висок функционер. Смит ќе ја води истрагата за начинот на кој Трамп постапувал со чувствителните владини документи и дали тој влијаел на транзицијата на власта по претседателските избори во 2020 година, додаде неименуваниот висок функционер на Министерството за правда, пренесуваат британските медиуми. Специјалниот обвинител, веднаш по назначувањето, изјави дека ќе биде независен во работата, како и дека ќе се залага истрагата да напредува брзо и ефикасно. сд/

Остани поврзан