• четврток, 26 декември 2024

„Џез лектира” - концерт на Националниот џез оркестар за „кралот на свингот” Каунт Бејси

„Џез лектира” - концерт на Националниот џез оркестар за „кралот на свингот” Каунт Бејси

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Националниот џез оркестар вечер во Македонскиот народен театар ќе  одржи концерт „Џез лектира," кој се осврнува на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот, особено на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка Дајан Шур,  добитничка на две награди Греми за најдобра џез вокалистка во 1986 и 1987 година.

Последниот проект на Националниот џез оркестар насловен „Џез лектира“  е навраќање на биг бенд ерата, позната и како ера на свингот.

-Овој период е значаен музичката историја во кој популарната музика во САД доживува своевидна трансформација. Големи ансамбли, пишани аранжмани кои се истакнуваат наспроти спонтаните солирања, доминација на свинг ритамот, наплив на иновативни композитори, се дел од карактеристиките на оваа ера која го доживува својот врв во периодот од 30-тите до средината на 40-тите години нa 20 век. Во тој период се истакнува една група музичари кои како лидери на своите биг бендови прават вистинска револуција во џез музиката во тој период, Меѓу најважните имиња во биг бенд ерата се вбројуваат Дjук Елингтон, Бени Гудман, Глен Милер и Каунт Бејси, соопшти Националниот џез оркестар.

Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси, е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, кој е познат и како "Кралот на свингот". Во 1935 година го формирал оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично.

Специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ која, како што наведува Националниот џез оркестар, е една од најдобрите женски џез вокали на овие простори. хс/аа/

Фото: Национален џез оркестар

 

 

Остани поврзан