• петок, 27 декември 2024

Џачка на средба со Дендиас: Прашањето " Белери" не треба да влијае во билатералните односи

Џачка на средба со Дендиас: Прашањето

Тирана, 22 мај 2023 (МИА) - Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка на средба во Брисел  со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Дендијас на која разговарале и околу прашањето " Белери" оценила дека тоа не треба да влијае во билатералните односи.

- Средбата со мојот пријател и колега, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, беше многу добра можност да се разговара за прашањето „Белери“. Јасно нагласив дека ова е судски случај кој не треба да влијае на новата страница што ја отворивме во нашите билатерални односи. Ова не е ниту прашање на човекови права, ниту политичко, ниту веќе билатерално прашање. Г-дин Белери ги ужива истите права како и секој друг албански државјанин и ниту еден албански државјанин не е над законот, напиша Џачка на социјалните мрежи.

Нагласила дека "купувањето гласови е сериозно прекршување на албанскиот  закон и неговиот случај е веќе на суд". 

„Единствено што можеме сите да направиме е трпеливо да чекаме процесот да си го земе својот тек и да не прејудицираме или нагаѓаме за тоа“, пишува таа.

Фреди Белери беше уапсен на 12 мај, два дена пред локалните избори, во неговото кафуле во Химара, под сомнение за купување гласови, по што судот во Валона му одреди мерка притвор и остана таму.

На изборите беше избран за градоначалник на Химара, од опозициската изборна коалиција "Победуваме заедно", предложен од партија за заштита на човековите права ( партија на грчкото малцинство).

Тој е претседател на огранокот на  организацијата на грчкото малцинство "Омонија" за истиот град.

Неговото апсење ја заостри реториката од дистанца меѓу Атина и Тирана. По заканата на Атина дека неговото апсење ќе влијае на албанскиот  евроинтегративен пат, Тирана и возврати да не се меша во внатрешните работи на Албанија. вт/сд/


Фото од Фб на Џачка

Остани поврзан