• петок, 27 декември 2024

Џачка-Шмид: ОБСЕ денеска повеќе од кога било е потребна во Украина

Џачка-Шмид: ОБСЕ денеска повеќе од кога било е потребна во Украина

Тирана, 24 март 2023 (МИА) - Генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид денеска е во посета на Тирана а по средбата со  министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка потврди дека руската агресија врз Украина била една од главните теми на нивниот разговор.Џачка изјави дека уште еднаш ја потврдиле позицијата на Албанија кон неправедната агресија на Русија против Украина и оти нејзината земја целосно се согласила со "цврстиот и принципиелен став на генералниот секретар Шмид, во однос на оваа агресија".

-Споделивме заеднички став дека денеска повеќе од кога било ОБСЕ е потребна во Украина. Во овој контекст, ние исто така се приклучивме на Програмата за поддршка на ОБСЕ за Украина бидејќи она што се случува во Украина имаше свои импликации во сите три димензии на Организацијата, додалаЏачка, јави Топ чанел.Албанија, како што знаете, нагласила таа,  одигра важна дипломатска улога во Советот за безбедност и секаде каде што имаше глас, да ја поддржи Украина и да ја изолира Русија.-Но, една од областите каде што инвестиравме најмногу беше одговорноста и правдата за воените злосторства на Русија во Украина, посочила Џачка.Шмид  ги пофалила достигнувањата на Албанија во областа на надворешната политика, како и нејзината улога како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.Додала дека Албанија е активна и доверлива членка на ОБСЕ и високо го оценила претседавањето на земјата со организацијата.Министерката Џачка  изразила благодарност до Шмид за нејзиното лидерство во овие кризни времиња, како и придонесот што таа и ОБСЕ го дале за унапредување на родовата еднаквост и агендата „Жени, мир и безбедност“. вт/сд/

Остани поврзан