• недела, 24 ноември 2024

Џаферовиќ од 20 март ќе претседава со Претседателството на БиХ

Џаферовиќ од 20 март ќе претседава со Претседателството на БиХ
Сараево, 18 март 2022 (МИА) - Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ на 20 март ја презема  функцијата претседавач, соопшти денеска Претседателството на БиХ. Џаферовиќ ќе претседава со претседателството во следните осум месеци. Неговото именување е по принципот на ротација и тој ќе го замени досегашниот претседавач Жељко Комшиќ. Ротацијата на членовите на Претседателството на функцијата претседавач е утврдена со Уставот на БиХ. ми/

Остани поврзан