• недела, 24 ноември 2024

Џаферовиќ: Изјавата на амбасадорот на Русија е закана по БиХ

Џаферовиќ: Изјавата на амбасадорот на Русија е закана по БиХ
Сараево, 17 март 2022 (МИА) - Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ истакна дека изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, дека Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО, како и спомнувањето на Украина во тој контекст, претставува „недозволива закана и напад врз суверенитетот на БиХ“. - Босна и Херцеговина е суверена држава која самостојно ќе одлучува за својата иднина, врз основа на својот Устав и закон, земајќи ги предвид волјата и интересите на своите граѓани, а не туѓите интереси, соопшти Кабинетот на Џаферовиќ. Тој додаде дека „Русија не може да го присвои правото да одлучува за иднината на БиХ“, која „го трасирала својот претходен евроатлантски пат со одлуките на нејзините институции во демократска процедура, вклучително и барањето за членство во НАТО“. Рускиот амбасадор Калабухов во интервју за Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ) на 15 март изјави дека Русија ќе поддржи се за што ќе одлучи БиХ, наведувајќи дека тоа е внатрешно прашање на БиХ. - Ако таа одлучи да биде член на нешто, тоа е внатрешно прашање. Но, друга работа е нашата реакција, наведе Кабухов. ми/

Остани поврзан