• сабота, 23 ноември 2024

Џафери: Собранието може да заседава само по изборите

Џафери: Собранието може да заседава само по изборите
Скопје, 27 април 2020 (МИА) - Нема можност за свикување на распуштениот парламентраен состав. Собранието може да се врати само по следните избори, изјави претседателот на Парламентот Талат Џафери за „Клик плус“ на ТВ21. Џафери вели дека секој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тврди дека се вршел притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот, но, како што нагласува, „со Собранието е веќе завршено“. - На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. Собранието ќе се собере по наредните избори, вели собранискиот спикер, коментирајќи ја иницијативата за повторно свикување на законодавниот дом.са/  

Остани поврзан