• среда, 25 декември 2024

Џафери – Река: Северна Македонија и Албанија придонесуваат во регионалната стабилност и најреалната шанса за членство во ЕУ до 2030, не смее да се пропушти

Џафери – Река: Северна Македонија и Албанија придонесуваат во регионалната стабилност и најреалната шанса за членство во ЕУ до 2030, не смее да се пропушти

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Фатос Река. На средбата, соопштија од владината прес-служба, биле пренесени честитки од премиерот на Албанија, Еди Рама, за изборот на премиерот Џафери и на на новата Влада.

Нагласени биле исклучително добрите односи помеѓу Северна Македонија и Албанија, како значаен пример за добрососедски односи во регионот, коишто се сериозен придонес во стабилноста на целиот Западен Балкан, а со тоа и на европскиот континент.

- Северна Македонија и Албанија, како што е констатирано, се развиваат успешно по европскиот пат и заслужуваат полноправно членство во Европската Унија во динамичен процес до 2030 година. Тоа, како што се оцени, е од важност за граѓаните на двете држави, но и за европската стабилност, поради актуелниот геополитички контекст и затоа најреалната евроинтеграциска шанса досега, за двете држави, не смее да се пропушти, стои во соопштението.  

Во таа насока, премиерот Џафери истакнал дека новата, преодна Влада, што се темели на проевропската коалиција, продолжува да работи согласно проевропскиот курс во политиките, чија цел е квалитет на живот на граѓаните по европски стандарди. Притоа, премиерот Џафери посебно посочил на фокусот на Владата за организирање мирни, фер и демократски избори, како и во претходните неколку изборни циклуси.

Во делот на развојот на соработката, се подвлекува во сооптшението, премиерот Џафери и амбасадорот Река се согласиле дека постои заедничка определба за зајакната регионална економска интеграција, за што се доказ веќе потпишаните протоколи за спроведување на условите за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан, како и за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Се разговарало и за посветеноста кон инфраструктурното поврзување преку коридорите 8 и 10, што носи економски придобивки за двете држави.цр/са/

Фото и видео: Влада на РСМ

Остани поврзан