• вторник, 12 ноември 2024

Џафери ја затвори собраниската седница за гласање доверба, Владата останува

Џафери ја затвори собраниската седница за гласање доверба, Владата останува
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва ја затвори собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на Владата, по поднесената иницијатива од страна на опозицијата. Џафери појасни дека поради тоа што немало кворум, не е отворен дневниот ред и не можело да се отвори дебата за гласање доверба на Владата. - Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена, констатира Џафери. Според процедурите на Деловникот, Џафери појасни дека од моментот на прашањето за доверба на Владата, Собранието има право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис. - Имајќи во предвид дека тие немале кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена. На Владата и посакувам успех во наредните денови коишто ги има извршната власт, изјави Џафери. Претходно потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, ја прекина седницата за гласање доверба на Владата, поради немање кворум и неможност да се утврди дневниот ред. На почетокот на седницата, денеска претпладне, присуствуваа 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели да ја води седницата. При пребројувањето беше констатирано дека на седницата присуствуваа 60 пратеници. Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60. Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61. бк/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан