• среда, 18 декември 2024

Џафери: Целосно го испочитував Уставот, не сум направил преседан

Џафери: Целосно го испочитував Уставот, не сум направил преседан
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Целосно го испочитував Уставот како највисок правен орган. Надлежост на претседателот на Собранието е да ја испитува уредноста на иницијативите. Должен сум да ја имам суштината предвид. Нека покренат кривична пријава. И претходно покренаа кривични против моите одлуки, и сите одлуки се во моја полза, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерното гостување на ТВ24, во врска со отфрлување на иницијативата за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ.
- Претседателот на Собранието ја испитува уредноста на иницијативата и сите мислат дека го толкувам Уставот. Како уставна категорија, два прописа се значителни и решителни за работата на Собранието, Уставот и Деловникот. Должен сум да ја имам суштината в предвид. Нека покренат кривична пријава, стопати претходно покренаа кривични против моите одлуки. Сите одлуки се во моја полза, рече Џафери.
Тој е дециден дека целосно го испочитувал Уставот како највисок правен орган или регулатива на која му се подредени сите други акти, и не направил никаков преседан. Потенцираше дека секој граѓанин има право да му ја оспори одлуката ако смета дека е спротивна на Уставот. -Не правам преседан, туку јас како претседател на Собрание уште еднаш докажувам дека врз основа на мојата прва изјава од 2017 година дека нема да дозволам да се узурпира институцијата Парламент и не зависам од ниту една полиитчка одлука која и да е. Ако имаат проблем во смисла дека не смеам јас тоа да го кажам, туку требало Уставниот суд, секој граѓани има право да го оспори моето известие. Јас спроведува Устав. Јас сум убеден дека работа што е недозволива, не смеам да ја пуштам во процедуриска процедура. Одлуката не ми е политичка, туку е моја обврска како претседател на Собранието. Нема да дозволам да се узурпира институцијата Парламент, и не зависам од ниту една политичка одлука, ниту од мојата партија и лидерот Ахмети. Тој не може да одлучува за она што мене ми е пропис, зошто утре тој нема да одговара, рече Џафери.бт/са/

Остани поврзан