Џафери со честитка за меѓународниот ден на Ромите
- Ми претставува чест и задоволство од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име да Ви го честитам овој важен ден за ромската заедница, Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. По тој повод, ја користам приликата да Ви посакам на сите вас почитувани граѓани припадници на ромската заедница, да го гледате овој ден како признание и потврда од страна на државата, институциите, вашите сограѓани и општеството во целост дека вие сте неизоставен дел од цел овој мозаик, се вели во честитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, за 8 април, меѓународниот ден на Ромите.
Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Ми претставува чест и задоволство од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име да Ви го честитам овој важен ден за ромската заедница, Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. По тој повод, ја користам приликата да Ви посакам на сите вас почитувани граѓани припадници на ромската заедница, да го гледате овој ден како признание и потврда од страна на државата, институциите, вашите сограѓани и општеството во целост дека вие сте неизоставен дел од цел овој мозаик, се вели во честитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, за 8 април, меѓународниот ден на Ромите.
Тој посочи Ромите со нивниот придонес и активност се важен чинител во остварувањето на определбата на Република Северна Македонија за полноправно членство во европското семејство, со креирање на општество втемелено на идентични вредности како на Европската унија.
- Нека оваа година биде година на промени кон подобро за сите граѓани на Република Северна Македонија, нека биде година во која ромската заедница и самата ќе си го отвора патот кон подобрување на квалитетот на живот за себе, за своите деца со масовно интегрирање во општественото јадро. Наша обврска како држава и државни институции е да бидеме до Вас во секој чекор напред. Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, стои во честитката на Џафери. сх/аа/
Фото: МИА архива