• сабота, 23 ноември 2024

Џафери присуствуваше на настан со кој се одбележа основањето на Музичкиот ансамбл Тетово

Џафери присуствуваше на настан со кој се одбележа основањето на Музичкиот ансамбл Тетово

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Премиерот во техничката Влада Талат Џафери присуствуваше на настан со кој се одбележа отворањето на новата музичка сцена во Тетово, односно основањето на националната установа - Музички ансамбл на Република Северна Македонија - Тетово.

- Основањето на оваа установа претставува реализација на долгогодишното барање на кадрите кои откако ќе завршеа факултет по музика, немаа каде да го продолжат својот професионален пат. Сега, во рамките на оваа установа во која ќе се негува и развива вокалната и инструменталната сериозна музика, како и популарната и џез музика, ќе можат да го негуваат и усовршуваат својот талент и својата пасија сите љубители на овој жанр, информираа вечерва од владината прес-служба.

Според Цафери, оваа културна институција ќе го збогати културниот живот не само во Тетово, туку и во земјата.

Меѓу другото, премиерот Џафери информирал за очекуваното донесување на одлуката на Владата на предлог на Министерството за култура со која на оваа установа и се доделуваат на трајно користење простории кои сега се во државна сопственост.

- Со основањето на Музичкиот ансамбл, придонесуваме кон подобрувањето на демократската рамноправност во нашата заедничка држава, Република Северна Македонија и во оваа област од општествениот живот, истакнал Џафери. бд/бак/

 

Фото и видео: Владина прес-служба

Остани поврзан