• недела, 24 ноември 2024

Џафери на средба со државните ревизори на Северна Македонија и Хрватска

Џафери на средба со државните ревизори на Северна Македонија и Хрватска
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со главните државни ревизори на Северна Македонија и на Хрватска, Максим Ацевски и Иван Клешиќ. Како што соопшти Кабинетот на Џафери, средбата била одлична можност за разменување предлози и идеи за подобрување на соработката помеѓу врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, со следење на позитивните практики на земјите членки на Европската Унија. Претседателот на законодавниот дом истакнал дека во наредниот период се очекува и потпишување  меморандум за соработка помеѓу Собранието и Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија. Од прес-службата на Џафери додаваат дека високите претставници на двете ревизорски институции срдечно се заблагодариле на можноста за средба и на искрената поддршка од Џафери и Собранието. ки/хс/

Остани поврзан