• недела, 24 ноември 2024

Џафери: Моите одлуки за иницијативите за референдум се исправни

Џафери: Моите одлуки за иницијативите за референдум се исправни
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Имајќи ги предвид моите шест пратенички мандати и ова искуство како претседател на Собранието во втор мандат, функција која првенствено подразбира преземање одговорност, немам дилеми дека двете одлуки што ги донесов се сосема исправни вклучително и овие за иницијативите за референдумите. Во тој контекст јас ништо не сум направил што е надвор од моите надлежности, вели собранискиот спикер Талат Џафери. Џафери, во интервју за „Слободен печат“, посочува дека особено во овој период имаат обврска да обезбедат функционалност на Собранието. - Јас укажувам на сите дека Собранието, поготово во овој период кога веќе сме отпочнале процес треба да е функционално, да ги заврши своите обврски пред се за да обезбеди функционалност на другите институции. Никој не треба да се смилува за да профункционира Собранието во полн капацитет, согласно потребите на држава и на нејзините граѓани, туку секој треба да си ја провери сопствената совест и одговорност, вели Џафери. Тој верува во одговорноста на пратениците пред граѓаните и државата како уставна обврска и потсети оти се водат преговори во процесот „Жан Моне“ за да се прецизираат деловничките одредби околу улогата и надлежностите на собраниските комисии за собранискиот пленум да не биде заложник на политички и теснопартиски хирови. мс/аа/

Остани поврзан