• среда, 27 ноември 2024

Џафери во Котор на самитот „Еден регион, заедничка визија“

Џафери во Котор на самитот „Еден регион, заедничка визија“

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ќе биде во работна посета на Црна Гора, каде во Котор ќе учествува на Регионалниот самит на лидери под мотото „Еден регион, заедничка визија“.  

Како што соопшти владината прес-служба, Џафери денеска ќе се обрати на првиот панел насловен „Состојбата на терен и идните планови - нов план за раст“.

На панелот, покрај Џафери ќе се обратат и косовскиот премиер Албин Курти, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина,  Борјана Кришто,  премиерот на Албанија Еди Рама, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД,  Џејмс О’Брајан, и комесарот за добрососедска политика и проширување на Европската комисија, Оливер Вархеи.

На панелот, како што е наведено во соопштението, ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан.фф/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан