• среда, 25 декември 2024

Џафери во Котор на самитот „Еден регион, заедничка визија“

Џафери во Котор на самитот „Еден регион, заедничка визија“

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери денеска и утре ќе биде во работна посета на Црна Гора, каде ќе учествува на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“.  

Како што соопшти владината прес-служба, Џафери утре ќе се обрати на Панелот 1 насловен „Состојбата на терен и идните планови - нов план за раст“.

На панелот, покрај Џафери ќе се обратат и косовскиот премиер Албин Курти, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина,  Борјана Кришто,  албанскиот премиер Еди Рама, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД,  Џејмс О’Брајан и комесарот за добрососедска политика и проширување на Европската комисија, Оливер Вархеи.

На панелот, како што е наведено во соопштението, ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан. дма/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан