• сабота, 23 ноември 2024

Џафери, Бочварски и Рустеми на поставување камен - темелник за изградба на обиколница на Тетово

Џафери, Бочварски и Рустеми на поставување камен - темелник за изградба на обиколница на Тетово

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Премиерот и министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Талат Џафери и Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска ќе присуствуваат на поставување камен - темелник за изградба на обиколница на Тетово.

Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е и нивно обраќање на настанот.

Станува збор за локација што се наоѓа меѓу селата Требош и Џепчиште. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан