• среда, 20 ноември 2024

Џафери-Прескер: Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија

Џафери-Прескер: Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија

Скопје, 11 март 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска се сретнал со амбасадорот на Република Словенија во државата, Грегор Прескер, соопшти владината прес-служба.

Во фокусот на разговорот биле севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, со акцент на економската соработка. На средбата се разговарало и за европската перспектива на нашата држава, како и состојбите во поширокиот регион од Западен Балкан.

- Соговорниците истакнаа дека двете држави имаат одлични билатерални односи кои се карактеризираат со постојана меѓусебна поддршка и почитување.Премиерот Џафери ја поздрави поддршката што Словенија ја дава за европската перспектива на Северна Македонија, како и за споделувањето на искуствата во овој процес. Освен успешната политичка и економска соработка меѓу двете земји, соговорниците разменија ставови и за соработката во областа на одбраната, внатрешните работи, културата, науката и образованието, стои во соопштението.

Амбасадорот Прескер истакнал дека Северна Македонија заедно со другите земји од регионот е географски приоритет за Словенија и ќе продолжи активната и гласна поддршка на Словенија за европската интеграција на Северна Македонија. цр/лв/

Фото: Влада на РСМ

Остани поврзан