• четврток, 26 декември 2024

Џамиите во Косово ќе се отворат откако ќе се олеснат мерките за заштита од Ковид-19

Џамиите во Косово ќе се отворат откако ќе се олеснат мерките за заштита од Ковид-19

Приштина, 10 мај 2020 (МИА) – Џамиите во Косово, и покрај тоа што е во тек светиот месец на верниците од муслиманска вероисповест, Рамазан, и натаму остануваат затворени, како мерка на заштита од ширењето на пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Секретарот на Исламската заедница на Косово (ИЗК) Ахмет Садриу за државната телевизија РТК изјави дека во координација со здравствените институции на Косово ќе се одлучи за нивно отворање во втората фаза на мерки против новиот коронавирус, која започнува на 18 мај и која се очекува да донесе одредени олеснувања.

Тој изрази надеж дека најголемиот муслимански празник, рамазанскиот Бајрам, со кој се одбележува крајот на едномесечните пости и кој годинава се паѓа на 24 мај, ќе биде одбележан со бајрамски намаз, кој ќе се одржи во исламските верски објекти.

- Нашите џамии остануваат затворени. Имаме одредени најави дека во втората фаза ќе започне да се зголемува движењето и очекуваме во таа фаза, по 18 мај, да ни се овозможи да се вратиме во нашите џамии. Очекуваме исто така и за Бајрам да се клањаме во џамија, но тоа зависи од пандемијата, изјави секеретарот на ИЗК, потврдувајќи дека има притисоци од верниците за отворање на џамиите.

Сепак, нагласи Селмани, ИЗК нема да избрзува, со цел на никаков начин да не се загрози здравјето на граѓаните. иа/

Остани поврзан